Откриен древен град на цар Давид
Израелски археолози открија остатоци од град кој се спомнува во Светото Писмо, во книгите на Исус Навин и Царства. Научниците сметаат дека го откриле филистејскиот град Секелаг, каде што Давид нашол прибежиште кога бил гонет од Цар Саул. Во прилог на ова, научниците тврдат дека во потрага по овој древен град биле разгледани 12 различни локации, но само на ова место се откриени артефакти кои им даваат основи да сметаат дека тоа е бараниот град.