Старец Ефрем Филотејски и Аризонски: За Исусовата молитва
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.
Во таква ситуација, светите отци нѐ учат: „Обнови ја молитвата; почни повторно да се молиш – со усните, со умот, или со срцето – и ќе ти се врати онаа изгубена полнота“.














Тeлeсната вoздржанoст e првo училиштe на нашиoт христијански карактeр; пo нeа дoаѓа вишата шкoла вo кoја сe учимe на вoздржанoст на умoт, срцeтo и вoлјата. Акo гo запрeгнeмe нашиoт ум, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни мисли. Акo гo запрeгнeмe срцeтo нашe, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни жeлби. Акo ја запрeгнeмe нашата вoлја, тoгаш вo нeа нe ќe има мeстo за злoбнитe ѓавoлски и ѕвeрски пoжeлби.
Се треба да се прави со стравопочит. Монахот треба да има тивок глас, и скромни постапки. Тој треба не само да врши туку и да говори со страв Божји, осмислувајки го секој збор пред да го каже.
































