Божествена Литургија во Струмица (13.02.2022 )
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.






На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.
Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи - свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците.
Во човекот се одигрува најинтересниот и најдраматичниот натпревар помеѓу невидливото и видливото.
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);
Ние не сме како православците од старите времиња.Сега повеќе намаме сили. И за нас постои само еден пат а тоа е смирението.Јас на секого му кажувам, како еден Отец мене ми кажа: Секогаш кога ќе влезам во Црква, јас треба да мислам како сите во таа Црква се подобри од колку јас самиот. Исто така треба да зборувам кратки молитви во мојот ум.„Господе прати ми го покајанието.“
Колку е важно да се гледа во иднината? Да веруваме и да се надеваме на најдоброто што сè уште не дошло, но ќе дојде. Не дозволувајте минатото да ве проголта, туку речете дека „со Божја помош“ се ќе оди кон добро. Ништо не завршило вчера, се почнува одново утре. „Вака живеел познатиот пророк на Црквата,
Вистински се зборовите на Господа. Во духовниот живот напредуваат само оние, кои според Господовата заповед, потполно се откажале од себе си, ги намразиле сите телесни желби, врски, разоноди, задоволства и уживања, и пред своите духовни очи Го имаат само Единиот Господ и сакаат да ги извршуваат Неговите заповеди.
Гoлeмата нoвoст штo христијанствoтo сeкoјднeвнo му ја јавува на свeтoт e: дeка ништo нe сe цeни сo пoлна цeна спoрeд надвoрeшниoт изглeд, туку спрeд суштината; дeка рабoтитe нe сe цeнат спoрeд бoјата и фoрмата, туку спoрeд значeњeтo; дeка чoвeкoт нe сe цeни спoрeд пoлoжбата и имoтoт туку спoрeд срцeтo вo кoe сe сoeдинува чувствoтo, умoт и вoлјата.

На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше.
Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму,
Во епохата на Константин и во следните децении Црквата е штотуку изведена од катакомби и секој од верните се нашол во сложена ситуација. Во време на гонењата сè било јасно: постојат гонители и гонети. 
























