Состојки:
- 500 грама кора за баклава
- 150 грама ореви
- 150 грама мак
- 1 кесичка цимет
- 300 грама шеќер
- 0,5 литри вода
- 1 лимон
- 1 кесичка ванилин шеќер
Начин на приготвување:
Тавата во која ќе се пече баклавата да се намачка со масло и во неа да се стават две кори попрскани со масло. Корите да се посипаат со оревите, макот и кесичката цимет. Наизменично да се редат подмачканите кори со масло, па филот од орев, мак и цимет се додека не се потроши смесата и на крај да се остават две кори за за одозгора. Баклавата да се исече со остар нож на коцки, да се прелие со масло и да се стави да се пече во загреана рерна околу 50 минути. Печената баклава да се прелие со изладен сируп од 300 грама шеќер, 0.5 литри вода , 1 кесичка ванилин шеќер и сок од 1 лимон. Да се врати во исклучена рерна . Да се извади после 15 минути и да се служи оладена.