логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


o.Pajsij.Svetogorec.jpg

  

  .......Гледаш, дури и побожните луѓе, колку простор и да имаат, не можат да се сместат, бидејќи во нив сеуште се нема сместено целиот Христос. Кога жените од Фарас би го виделе овој наш денешен луксуз кој е присутен дури и во многу манастири, би рекле: „ Бог ќе испрати оган да не спржи. Бог не има оставено!“ Тие ги завршуваа работите набрзина. Рано наутро требаа да ги изведат козите на паша, да ја зачистат куќата. Потоа ќе одеа во црква, или ќе се собираа по пештерите, и една од нив која ќе беше колку толку писмена, ќе им читаше од Синаксарот за светителот кој се празнуваше тој ден. Потоа правеа метании, се молеа...А многу работеа и се заморуваа. Секоја жена требаше да знае да шие се што е потребно за една куќа. Шиеја рачно. Машини за шиење беа  малку, и тоа само во градот; во селото немаше. Можеби во цел Фарас имаше само една машина за шиење. Шиеја дури и машки одела кои затоа беа поудобни за носење, и чорапи плетеа рачно. Се  изработуваа со вкус, со љубов. Секогаш им преостануваше доволно време, бидејќи се што имаа беше до крајност едноставно. Фарасјаните не се вртеа околу ситници. Живееја во радоста на монашкиот живот. Ако, на пример, ќебето не биде убаво наместено па ќе виси малку на едната страна , и им  речеш: „ Намести го тоа ќебе“, они би ти одговориле: „ Зошто, зар ти смета за молитва?“

       На денешните луѓе туѓа им е оваа радост на монашкиот живот. Не мислат дека од нешто треба да се откажат, малку да се помачат. Кога луѓето би мислеле малку повеќе монашки, кога би живееле поедноставно, би биле помирни. Вака се мачат. Во душите имаат напнатост и очајание.„ Оној таму е успешен, бидејќи направил две згради; а оној другиот – бидејќи научил пет јазика! Јас немам ниеден стан, незнам ниеден јазик. Оф, пропаднав!!“ Човекот кој има автомобил, размислува вака: „Оној таму има подобар. Би требало и јас да земам таков.“ Ќе купи подобар автомобил, но повторно нема да биде задоволен, бидејќи секогаш ќе постои некој кој има уште подобар. Ќе го купи, можеби, и тој уште подобриот, но потоа ќе дознае дека сега луѓето имаат приватни авиони, и повторно ќе се мачи. На тоа крај не постои. А оној кој нема никаков автомобил, се радува и за се благодари на Бога:„ Слава на Бога“, размислува тој, „ не смета што немам автомобил. Здрав сум и можам да одам. Колку луѓе се без нозе, па не можат да се услужат, да се прошетаат, секогаш им е потребен некој да им помогне, а јас имам нозе!“ Човекот кој е хендикепиран, (нема една нога) размислува вака: „ Има и такви кои ги немаат двете нозе!“, па така и тој се радува.

       Неблагодарноста и алчноста се големо зло. Човекот обземен со материјалните работи, секогаш е обземен со грижа и напнатост, бидејќи еднаш се тресе да не му ги земат нештата, еднаш да не му ја земат душата. Еден ден дојде кај мене еден богаташ од Атина, па ми рече:

      -Отче, изгубив секаков  контакт со своите деца; не ги познавам своите родени деца.

      - Колку деца имаш? - го прашав.

     - Две – ми рече. - Ги одгледав со од пиле млеко. Што сакаа, тоа имаа! Дури и по еден автомобил им купив.

     - Од разговорот сфатив дека тој имал свој автомобил, жената свој, а децата, пак, секое свој. Му реков:

     - Благословен мој, наместо да ги решиш  своите проблеми, ти само си ги зголемил. Сега ти е потребна за автомобилите една голема гаража, еден автомеханичар кој ќе го плаќаш четири пати повеќе за да ги поправаш,  а покрај тоа сите четворица во секој момент се наоѓате во опасност да настрадате. А кога би живеел малку поедноставно, твоето семејство би било собрано на едно место, би се разбирале едни со други, и не би имал вакви проблеми. Сега не ги обвинувај своите деца, самиот си виновен, бидејќи се немаш потрудено поинаку да ги воспиташ.

      Едно семејство, четири автомобили, еден автомеханичар...! Па, веројатно некој од нив може да почека, па да оди малку подоцна. Сите овие олеснувања изродија само  - тешкотии.

      Ме посети и еден друг човек. Беа петмина во семејството. Тој ми рече:

    - Отче, имам еден автомобил и мислам да купам уште два. Тоа многу ќе ни го олесни животот.

- А ти размислуваш  за тоа, колку ли само тешкотии тоа ќе ти создаде? – го прашав. – Еден автомобил веќе го паркираш во некој ќош, а три – каде со нив? Ќе ти треба една гаража и една остава за гориво. Ќе бидете опкружени со опасности од три страни. Подобро да имате еден автомобил, и да ги намалите своите излегувања. Така ќе имате време за своите деца. Ќе бидете мирни. Едноставноста е над се.

  - Хмм, никогаш не сум размислувал за тоа – одговори.

  - Старче,  некој ни има кажано дека два пати не успеал да го запре алармот на својот автомобил. Еднаш затоа што му влегла мува, а другпат затоа што тој самиот, неправилно влегол во автомобилот!

  - Таков живот е право мачеништво, бидејќи се е многу комплицирано. Повеќето од работите кои би требало да ти го олеснат животот, само изродуваат потешкотии. Мирјаните се дават во мноштво од работи. Полни се со разно – разни олеснувачи,  а така го направиле својот живот тежок. Ако човек не ги поедностави работите, едно олеснување ќе создаде безброј проблеми.

   - Кога бевме мали, сечевме дрвен калем за конец од страна, и провлекувавме низ него клин. Така добивавме убава играчка, па се радувавме. Малите деца се веселат со едно автомобилче, повеќе отколку кога нивните родители се радуваат кога ќе купат мерцедес. Ако запрашаш девојченце: „ Сакаш кукла или зграда?“, ќе видиш дека ќе ти одговори:„ Кукла“. Навистина, малите деца подобро разбираат што е суета на овој свет.

   - Старче, што е тоа што би им помогнало на луѓето, за да ја разберат таа радост која се крие во едноставноста?

    - Подлабоко да размислат за смислата на животот. „Барајте го најпрво  Царството Божјо...“ Оттаму потекнува едноставноста и секое правилно поставување.
 

Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

Старец Паисиј Светогорец - Поедноставете го својот живот

 Старец Паисиј Светогорец- Да се живее со вратоломна брзина е прав пекол

Старец Паисиј Светогорец - Светската среќа раѓа светска напнатост

{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2026
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2546
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная