Ако те наклеветиле, на доброто ти одговориле со зло, не држи зло во срцето.
Прости и радувај се, што благодарение на тоа,
за неколку скали си се приближил до Бога.
Известуваме дека излезе од печат второто издание на книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”. Станува збор за најавтентичниот извор за животниот пат и за опитното учење на современиот светител на Православната Црква.
Преводот од грчки јазик е на јеромонах Атанасиј Арсоски.
Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил,
На литургијата и чинот на благословување на грозјето присуствуваше и премиерот на владата на Р. Македонија г. Христијан Мицковски со членови на владата и пратеници на Собранието на Р. Македонија. Црковниот одбор за целиот верен народ приреди трпеза на љубовта.
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.