На празникот на светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа во храмот посветен на св. Петка, во овие последни денови од Божиќниот пост, утрово Богослужбата се состоеше од читање на царски часови ( 5, 44, 45, 50, 85, 109, 110, ..псалм). Црквата пропишала тие да се читаат во предвечерието на Христовото Раѓање но поради деновите кои следат, богослужбата денес се состоерше од читање на псалми, Апостолот, пеењена тропари, читање на евангелието. По Деветиот час, службата заврши со читање на Изобразителна.