логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Заради нејзино правилно информирање и во името на Вистината


Слушнавме и прочитавме во медиумите разни верзии и толкувања на неодамнешните настани во Сиднеј – Австралија. Во некои од медиумите прилично реално беше преставена правата слика но во кои беа искажани многу невистини, обвинувања и беа наполно погрешно  презентирани случувањата.  Заради тоа ви се обраќаме со надеж дека ќе бидеме правилно разбрани и доколку имало грешка ќе биде исправенa. Текстот го пишуваме со единствена цел, народот јасно да ја знае вистинската слика на теренот и овој настан. Исто така, нај учтиво сакаме да ги замолиме сите медиумски куќи, да ја бараат информацијата на вистинскотo место, од Kабинетот на МПЦЕАНЗ, и да не дозволуваат брзоплето да примаат секаква непроверени и предходно осмислени (дез)информации за да не ги претворат нивните мeдиуми „трачерски озборувања“ или „жолт печат“. Ние сме Црква и нам должността и совеста ни наложува да ја говориме вистината, за разлика од оние што се на „другата“ страна кои, за жал, не бираат средства, начини и зборови во унижувањето на достоинството на верниците, , свештенството и архиерејот, односно Црквата.
Знаеме дека на 03. Март годинаба судијата Бреретон, по близу 15 години, започнатиот суд пресуди во корист на МПЦ Епархија за Австралија и Нов Зеланд. Меѓу другото беше донесено одлука, надлежниот Архиереј, Митрополитот Петар, заедно со каконски поставениот од него, парохискио свештеник, о. Митко Митрев, на кои, од извршниот одрбор на асијацијата именувана Македонска православна заедница (МПО) црква „Cв. Петка“ во Рокдаел – Сиднеј, им беше забрането да влегуваат и вршат Богослужби во црквата, a тие сега слободно да можат да влегуваат и ги вршат сите потребни богослужби, и непречено да ја извршуваат мисијата на Црквата.
Во саботата на 17. Март беше закажана и првата Богослужба, која, заради осквернувањето на храмот од страна на расчинетите свештеници и отпадниците , требаше да се преосвети. На службата иако, јавно никаде не беше објавено, се собра мноштво Mакедонски верен народ од сета Епархија за Австралија и Нов Зеланд. Имаше луѓе од Мелбурн, Бризбен, Њу Кастл, Волонгонг, Порт Кембла, Перт, Камбера, Квимбиен и се разбира најмногу ги имаше од домашниот Сиднеј. Иако се работи за растојаниеи и од илјадници километри, , тоа не ги спречи овие верни Македонци да дојдат на овој убав, свечен и историски чин со што покажаа колку им значи Црквата и нејзиното единство. На нивните лица и во нивните молитви тоа лесно  можеше секој да го прочита оти искрено се надеваат дека полека ќе се расплетува одамна замрсеното клопче и како што и подоцна Владиката Петар, во Неговата беседа истакна, ќе биде „еден Пастир и едно стадо“.
Но за жал, имаше и такви како Игор Александров кои не се согласуваат со Oдлуката на Cудот и им смета ова единство на нашиот народ овде, па организирано преку новините, социјалните мрежи, медиумите и смс пораки повикуваа „со мирен протест“ да му покажат непослушание на надлежниот Архиереј, Владиката Петар со образложение дека „тие не го сакаат“.
Меѓутоа, Бог е Велик и мисли на Својата Црква па испрати дожд во раните утрински часови додека се извршуваше Службата на преосветувањето и подоцна првата Литургија во преоосветениот храм на св. Петка во Рокдаел – Суднеј. Службата се одвиваше непречено иако по барање на извршниот одбор на Асоцијацијата на обезбедувањето професиионално ангажиранo од нивна страна им беше наложено да оневозможат фотографирање. Сепак, иако најпрво беше „забрането“ фотографирањето за јавността (а кој се крие од неа и зошто?) за потоа да го „забранат“ и фотографирањето за приватни цели. Сепак тоа не се спроведe затоа што тоа е неразбирливо и особено во денешно време кога секој си има свој личен фотоапарат и сака да си го овековечи овој историски настан.
Откако сврши Cветата Архиерејска Литургија, во која учествуваа скоро сите свештеници (19) од  Епахијата, и на која многумина верни (приближно ¾ од присутните)кои со пост, молитва и исповед, се причестија со Светите Тајни Христови и кога се мислеше дека е се’ добро и наместо со радост требаше да го напуштат храмот за поставената трпеза на љубовта која се постави во Црквата Cвето Христово Воскресение, што се наоѓа во непосредна близина на оваа црква, верниците мораа со страв и претпазливост да поминуваат покрај неколкумина предходно организирани постари лица и неколку крајно некултурни помлади жени за да бидат непотребно изложувани на нивните гнасни извици, притисоци и навреди.
Нај критично беше во моментите кога поминуваше Владиката Петар и кога заради тоа нивното обезбедување и полицијата, која што во меѓувреме мораше да дојде, профеесионално си ја извршија својата служба кога едно или две млади момчиња беа испровоцирани од навредите врз нивниот Владика и тие почнаа да викат “да живее Владиката” Во суштина ова беше и предходно смиленото сценарио кое преку I Phone беше искоординиран, но инцидент не се случи.
Владиката Петар, пак, во својата беседа истакна дека се доста поделби и недоразбирања. Треба да си простиме еден со друг и најпрво тој лично побара прошка ако згрешил и ги повредил со нешто, и посaка сите да се обединат, односно да бидат еден Пастир и едно стадо.  Потоа следеа клевети дека Владиката Петар изнајмил негови  луѓе да го обезбедуваат и да предизвикуваат проблеми, а всушност, тоа се луѓе кои професионално ја работат таа работа, а во приватниот живот редовно си одат на Црква...и уште многу паушално изречени нешта co кои ние не сакаме и да ви го одземаме вниманието и времето. Впрочем, можете да ја отворете Eпархиската веб страница www.mpceanz.org.au и да ги погледнете сликите и линкот со произнесената беседа од Неговото Високо Преосвештенство, па пресудете сами.
Сватете го ова писмо како најиcкрено и се надеваме дека правилно ќе не разберете и правилно ќе го информирате нашиот Mакедонски народ со што во многу ќе придонесете за конечно разрешување на нашата и ваша заедничка болка, поделбата на овој народ и Црква, и повторно сите заедно ќе бидеме „еден Пастир и едно стадо.“

Искрено со почит,
 од канцеларијата на МПЦЕАНЗ


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

13/06/2025 - петок

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная