Во првата недела од Великиот пост Светата Православна Црква ја одбележува конечната победа над иконоборечката ерес. Овој торжествен ден во Скопската православна епархија се прослави со Божествена Литургија на која чиноначалствуваше претстојателот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот г. г. Стефан. По Литургијата се одржана Духовна академија во која најнапред учество зедоа многубројни дечиња со читање на православна поезија, а потоа хорот при соборната црква исполни неколку црковни химни.
Извор: Скопска епархија