Денес, 3-ти Февруари 2012 год., Судијата Брертон при Врховниот суд на Нов Јужен Велс донесе Пресуда во полза на МПЦ, Епархија за Австралија и Нов Зеланд, во однос на судскиот спор за Црквата Св Петка во Рогдаел, Сиднеј. Во својата Пресуда, Судијата пресуди дека по основа на австралискиот закон, тужените намерно го прекршиле законот за доверителство (траст) за Македонската Православна Црква и тужените сносат морална и материјална одговорност.
Имено, во 1997 год, Управниот Одбор при Инкорпорираната Асоцијација, (компанија) Македонската Православна Општина Црква ,,Св. Петка,, од Рогдаел бесправно го отстранија парохискиот свештеник, му забранија на Митрополитот Петар да влегува и богослужи во црквата, не ги плакаја одредените разрези (обврски) во Епархијата, вработија расчинети свештеници, ги прекршија Св. Канони на Православната Црква, излегоа од единство со Мајката Македонска Православна Црква и со тоа предизвикаа расцеп во македонската заедница во Сиднеј, и предизвикаа долгогодишен судски спор со МПЦ, Епархија за Австралија и Нов Зеланд.
Денес, во својата Пресуда, Судијата Брертон пресуди дека Членовите на Управниот одбор при Компанијата (асоцијацијата) се виновни за и немаат право да го спречат Митрополитот Петар да влегува и богослжи во Црквата, немаат право да го отрстранат канонски поставениот парохискиот свештеник протоереј Митко Митрев при Црквата од страна на Мирополитот Петар и да му забранат да богослужи и извршува Св. Тајни при Црквата и Црковната Општина, намаат право да вработат расчинети свештеници и истите да ги плаќаат, немаат право да ги спречуваат верниците да влегуваат во Црквата и да бидат членови на црквовната општина и да ја следат доктрината и учењето на Македонската православна црква, кои сакаат и ги исполнуваат критериумите на Уставот на МПЦ, Статутот на Епархијата и Правилникот на Црквата.
Од Канцеларијата на МПЦ, Епархија за Австралија и Нов Зеланд
Мелбурн
Потпарол на МПЦЕАНЗ
Игумен Гаврил