Распоред за богослужби при храмот
св. в.мч. Георги Победоносец - Криви Дол
Светата маченичка Татијана
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и убиени. Света Татијана продолжија да ја мачат: ја биеја, ѝ отсекуваа месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја удрат на маки. Но Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татијана изутрина се јави пред мачителите наполно здрава. Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги убија со меч. Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а дух мажествен.
25/12- среда-св. мч-ца Татјана; св.мч. Петар Авесаломит;
Почеток 07.30ч. утринска со Златоустова Литургија.
28/15-сабота -св. Гаврил Лесновски; св. Павле Тивејски;
Почеток 07.30ч. утринска со Златоустова Литургија.
29/16- недела- Чесни веригина св. ап. Петар;
Почеток 07.30ч. утринска со Златоустова Литургија
31/18- вторник- св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски;
Почеток 07.30ч. утринска со Златоустова Литургија.