Скопје, 20 јануари 2012 год- храм на св.Јован Крстител
На 20 јануари (по Богојавленски празник ) во храмот посветен на свети Јован, претеча Господов и Крстител, овде во населбата Капиштец во преполнета манастирска црква Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествената Литургија на која упати молитви на св. Јован Крстител за сите нас и за сиот наш македонски народ. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Светата црква го востанови денешниов празник да му го посвети на Соборот на свети Јован, претеча и Крстител, и овој празник се празнува во христијанскиот свет, а во Македонија народот има особено почитување кон светителот.
Преминпортал
Лето Господово 2012