Празникот на Светото Богојавление или крштението Господово, свечено се одбележа и во Австралија и Нов Зеланд во МПЦЕАНЗ. Во сите храмови на МПЦЕАНЗ се отслужи празнична Литургија а потоа беше извршен и големиот Богојавленски водосвет и фрлање на крст во осветените води. Во продолжение ви понудуваме фотографски материјал од соброниот храм на Рождество на Пресвета Богородица, Св. Никола – Престон, собор на сите македонски светители во Нов Зеланд и од манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук.
Тропар на Богојавление: Кога во Јордан се крштеваше Господи, се покажа Троично поклонение: оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе, возљубен Син именувајќи Те, и Духот во вид на гулаб известуваше потврдување на зборовите. Тебе Кој се јави Христе Боже и светот го просвети, слава Ти.
Извор: http://www.mpceanz.org.au/bogojavlenie-mpceanz-201/
Лето Господово 2012