На 19. 01. 2012 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, Пратениците во Собранието на РМ г. Влатко Ѓорчев од Скопје и г. Трајче Димков од Штип, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од пеесетината, крстот го фати Александар Апостоловски, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и Свето Писмо – Библија, а Општината Штип му подари компјутер.
Извор: Брегалничка епархија