Денес, кога Православната црква го празнува Големиот Христов празник - Богојавление, Архиепископот охридски и македонски г. Стефан, отслужи архиерејска Божествена Литургија во црквата на св. вмч. Димитриј во Скопје заедно со свештеници од Скопската епархија.
По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство го изврши чинот на Голем водосвет.
Потоа верниците се упатија на мостот кај хотелот „Холидеј ин“, каде се положи Чесниот крст за осветување на водите во реката Вардар.
Бог се јави!
Навистина се јави!
Извор: Скопска епархија