На големо задоволство на сите верници во Македонската православна црковна општина “Успение на Пресвета Богородица” во Лос Ангелес, оваа година ни започна со благослов од надлежниот Митрополит за Американско-канадската епархија господин Методиј. Иако беа организирани и разни свечености по повод Православната Нова година, сепак верниот народ дојде духовно да се нахрани и да го прими благословот од својот архипастир. И во двата дена, за празникот на Св. Василиј Велики и во неделната редовна богослужба, посетата беше задоволителна. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, а нивниот духовен татко одкако духовно ги нахрани и подели и осветени крстиња за благослов во домот.
По светата Литургија, Неговото Високо преосвестенство Господин Методиј, благоволи да ја изврши и Светата тајна Брак над младенците Славчо и Сара.
Од името на сите Македонци во Лос Ангелес, председателот Мите Ристовски му се заблагодари на нашиот Владика, поканувајки го за уште една посета на денот на Успението на Мајката Божја кога и славиме 30 години од основањето на нашата црковна општина.