логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


4.jpg


Милосрдието e царица на добродетелите, велат светите отци на нашата чудесно убава Православна Црква. Преку чистосрдечното милосрдие се „купува“ Царството небесно. Благодарение на оваа богомила добродетел, манастирите се одржувале и опстојувале и во најтешките времења, кога биле под закани од иноверните власти, притеснети од голема немаштија и други разни неприлики. Неуморноста и пожртвуваноста на богоносните отци од манастирите во трудољубивото поднесување на разните послушанија за творење на богоугодни и радосни за човештвото нешта, ги поттикнувале отсекогаш благочестивите луѓе од сите времиња, да ги помагаат свештените манастири. Благодарение на милосрдието од страна на нашиот верен народ, и Бигорската свештена Обител опстојувала низ вековите, а опстојува и денес, за слава Божја.

Побудени од извесни невистинити и неблагопријатни гласини, што во последно време допреа и до нашите уши, а кои се однесуваат на финансиската помош за Бигорскиот манастир од македонската дијаспора во Австралија, САД и Канада, најдовме за полезно да дадеме едно подробно известување во врска со тоа.

Имено, на Архиепископскиот црковно-народен Собор одржан во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на 12 ноември 2009 година, кога стана збор за помош за возобновување на Бигорскиот Манастир, неговите членови испратија апел до сите епархии, цркви и манастири во МПЦ, и сите физички и правни лица, согласно своите материјални можности, финансиски и материјално да го помогнат возобновувањето на опожарениот конак (4та и 5та точка од резолуцијата на АЦНС). Тогаш митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, изјави дека собирањето на финансиските средства од Македонците иселеници во Австралија, ќе се одвива преку митрополитот на Австралиско-новозеландската епархија, иако Бигорскиот Манастир имаше сопствена девизна жиро сметка, благословена од МПЦ-ОА.

Следствено, до денес (30 декември 2011/12 јануари 2012 л. Г.), во нашата свештена Обител, како помош во парични средства од Македонците иселеници во Aвстралија, преку раката на митрополитот Петар, пристигнале вкупно 5 550 AUD ( пет илјади и петстотини и педесет австралиски долари), и тоа:- Со сметкопотврда б.б., од 16 ноември 2009 г., храмот „Св. Илија“ од Фуцкрој подари 1.200 AUD ( илајда и двеста австралиски долари) , храмот „Св. Никола“ од Престон – 1.000 AUD ( илјада австралиски долари) и храмот „Св. Димитриј Солунски“ од Сирвол – 500 AUD ( петстотини австралиски долари);- Со Каса прими бр. 0010/2010, од 15 јуни 2010 г., од храмот „Свето Воскресение Христово“ од Рокдаил се подарени 2.000 AUD ( две илјади австралиски долари);- Со Каса прими бр. 0011/2010, од 15 јуни 2010 г., од манастирот „Св. Прохор Пчински“ се приложени 850 AUD ( осумстотини и педесет австралиски долари).

Независно, пак, од управата на Австралиско-новозеландската епархија, донации за Бигорскиот Манастир од Македонците во Австралија пристигнале и преку -г. Ник Ристески, кој со посредство на својата радиоемисија успеал да собере финанскиска помош од 13.850 AUD ( тринаесет илјади и осумстотини и педесет австралиски долари) ; -храмот „Св. Димитриј Солунски“ од Волонгонг подари 4.000 AUD ( четири илјади австралиски долари),- а од градот Перт, Западна Австралија, преку прота Станко и претседателот на општината г. Јоте, се принесени 8.690 AUD ( осум илјади и шестотини и деведесет австралиски долари). Така, од Македонците во Австралија, кои самоиницијативно се организирале да му помогнат на Бигорскиот манастир, биле собрани вкупно 26.540 AUD ( дваесет и шест илјади и петстотини и четириесет австралиски долари).Преку Американско-канадската епархија на МПЦ – ОА, предводена од митрополит Методиј, за Бигорскиот манастир се подарени 6.000 CAD ( шест илјади канадски долари) и 5.250 USD( пет илјади и двеста и педесет американски долари) , од кои:-2.500 USD ( две илјади и петстотини американски долари) се од храмот „Св. Кирил и Методиј“ од Њу Џерси, -2.000 USD ( две илјади американски долари) од храмот „Св. Богородица“ од Коломбос, -500 USD ( петстотини американски долари) од храмот „Св. Богородица“ и-250 USD ( двеста педесет американски долари)од храмот „Св. Никола“ од Тотава.

Независно од управата на Американско-канадската епархија, храмот „Св. Петар и Павле“ од Краунпоинт му подари на Бигорскиот Манастир 4.000 USD (четири илјади американски долари).

Нека праведниот Бог милостиво си спомне за сите коишто добронамерно помогнале и сѐ уште помагаат за возобновувањето на Бигорското вековно светлиште.Поради исклучително лошата финансиска состојба на Бигорскиот манастир, се доведува во криза целокупното нормално функционирање на манастирот, заради тоа што тој ги исцрпи сите средства од својот буџет во изградбата на „Горни Палат“. Со оглед на економската криза во која се наоѓа државата, од март, минатата година, не се префрлени никакви средства од Министерството за култура на РМ, не се пристигнати ниту поголеми донации, а и телефонските повици на телефоните за донирање 070/075/078/143 444 се сé помалку и манастирот, веќе, се наоѓа во сериозни долгови. Затоа упатуваме повик до сите благочестиви христијани и љубители на културното наследство, во согласност со своите можности, да го помогнат возобновувањето на овој наш многузначаен духовно-просветен центар, стекнувајќи го така благословот на великиот Претеча – св. Јован Крстител

06.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

« »

Православен календар

 

20/09/2024 - петок

Св. маченик Созонт; Св. апостоли Евод и Онисифор; Св. маченик Евпсихиј; Св. Јован, архиепископ Новгородски; Преп. Касијана Песнописателка ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  7 септември / 20 септември 2024

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 7 септември / 20 септември 2024

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная