На 14 јануари 2012 година, кога Православната екумена го прослави празникот на Обрезание на Господ Исус Христос (телесното обрезание како подготовка за духовното обрезание-крштевањето), свети Василиј Велики Архиепископ Кесариски, и се одбележува почетокот на Православна Нова Година, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Света Василиева Литургија во соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје. Во молитвата Архиепископот ги повика верниците своите срца да ги издигнат и насочат кон духовната свера како единствено вредна и вистинита. Многубројниот верен народ се причести со Свете Христови Тајни. На крајот од Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, отслужи молебен и го благослови почетокот на Новата Година .
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
Обрезание на Господ Исус Христос (15.01.2010)