Скопје, 13.01.2012 год. - Манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол
Ноќта 13-14 јануари 2012 г. кога Светата Православна Црква ги празнува: Обрезание Господово, св.Василиј Велики, Православна Нова Година; со почеток во 21:30 ч. во манастирската црква Св. в.мч. Георгиј Победоносец во Криви Дол, Скопје, се одслужи бдение со вечерна па утринска со Василиева Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше отец Горан Тасески во сослужение на ѓакон Игор Настоски.
По решителното на Марија - ЕВЕ ЈА ГОСПОДОВАТА СЛУГИНКА, Христос е со нас. Денес се подсетуваме како Богомладенецот снисходи од Небото, стана човек и подложен на законот беше обрезан. Наше е да Го примиме во нашите срца. Ова е вистинскиот излез од притесненијата со кои секојденевно се среќаваме. Светилникот на Православието, Светиот Василиј Велики оваа вистина ја посведочи со животот. Верниот народ со такво внимание ги следел неговите поуки што ни кесарот не можел да остане рамнодушен туку се обратил.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев
Лето Господово 2012