Скопје, 9 јануари 2012 година- На трет ден од празнувањето на Рождеството Христово, во триесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува светиот архиѓакон и првомаченик Стефан , Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Струмички г. Наум и свештенството од Скопската епархија, во храмот на св.Петка во Скопје отсужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Најнапред спомни го Господи, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.
По молитвите на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан , на многу години именденот Ваше Блаженство, возљубен Владико свет!
Преминпортал
Лето Господово 2012