Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица, Скопско), ноќта, петок кон сабота (30-31 декември 2011 г.), на празникот на Светиот маченик Севастијан и другите со него; Свети Модест, патријарх Ерусалимски, со почеток во 22:00 ч. се отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Бдението го отслужи о.Дејан Трајков во сослужение на ѓаконот Ѓоко Бурлијазоски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, игуменијата на Манастирот, сестра Илијана ги подкрепи верните со чај, колачи и топли зборови.
. Зад нас е декемвриското предбожикно бдение во Марковиот манастир. Бдението, веројатно без исклучок, не остави никој од присатните рамнодушен пред и потоа. Да ја чуваме благодатта од чуените пораки од Евангелието, да си ги повторуваме за да не дозволиме да заборавиме.
Зад нас е и новогодишната ноќ која за некои е „највесела“, а за други „најлуда“. Сепак, вистинската вредност на тој настан најдобро ќе ја оцениме во деновите потоа . Но, како што предупреди о.Дејан во проповедта, да не се возгордееме во однос на блиските кои своите сили и средства ги испразнија во новогодишната ноќ. Та, нели и некои од нас доскоро го правевме истото. Да не се разбереме погрешно. Не станува збор дека новогодишната веселба е грев сама по себе туку предпочитаме веселбата и удобствијата да се стават во рамката на духовното.
Еве го Рождеството Христово пред нас. Го привршуваме Божикниот пост. Дали во овој Божик ќе се роди нешто во нас? Ајде малку да се тргнеме настрана и во смирение да го побараме синаповото зрно вера во нас .
Подготви: Ратислав Кардалев
Преминпортал
Лето Господово 2012