логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО АВОН, ОХАЈО.
 

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Патрониот празник во МПЦ „Свети Климент Охридски“ од Авон, Охајо, беше свечено одбележен и прославен во сабота на 10 декември оваа година. Свеченостите започнаа со Света празнична вечерна богослужба во присуство на своите духовни чеда - членовите и парохијаните. Со светата богослужба која започна во 6 часот навечер началствуваше најстариот по чин протоереј-ставрофор отец Душко Георгиевски од Колумбос, Охајо, во сослужение на протоереј отец Зоран Здравев од Кентон, Охајо, парохискиот свештеник протоереј отец Васил Манасиев и ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски од Колумбос, Охајо. На светата вечерна богослужба оваа година покрај членовите и парохијаните присуствуваа и молитвено учествуваа: Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Македонија во Вашингтон, САД, многупочитуваниот проф. д-р Зоран Јолевски со сопругата, Генералниот Конзул на Р. Македонија во Детроит, САД, господинот Игор Дукоски, Претседателот - сопственик на Европскиот Универзитет во Р. Македонија, проф. д-р Бојо Андрески со сопругата, Претседателот на црковната општина „Свети Никола“ од Грин, Охајо, г-дин Пеце Груевски, секретарот на катедралниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ од Колумбос, Охајо, г-дин Боро Манев, г-дин Ристо Нечоски, бизнисмен од Детроит и многу други. По завршувањето на богослужбата парохискиот свештеник прочита пригодно слово - проповед за животот и дејноста на Свети Климент Охридски - Чудотворец, чувар, пазител и заштитник на Автокефалната Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија. Во меѓувреме пристигна архиерејскиот намесник за средно-западното американско архиерејско намесништво протоереј отец Синиша Ристовски, кој поради оправдани причини (парохиски обврски) не беше во можност да учествува на светата богослужба. Веднаш се пристапи кон благословување и режење на славскиот леб. Оваа година (2011) кумови/домаќини беа Божјите чеда Благој и Костадинка Скандеви, а за наредната година (2012) беа избрани чедата Божји Боро и Вера Маневи. Честито да им биде и од Бога благословено со многу успеси во понатамошниот земски живот на духовен и материјален план.

Откако завршивме со богослужбениот, молитвениот дел, духовно нахранети, свеченостите продолжија во големата црковна сала. Претседателот на црковната општина г-динот Павле Доковски ги поздрави присутните гости од главната маса и воедно им се заблагодари на сите што одвоија од своето слободно или работно време да присуствуваат и да земат активно учество во прославата на нашиот Патронен празник и им посака на сите топло македонско добредојде. Според програмата на црквата веднаш следуваа неколку претстави кои беа изведени од учениците на Неделното црковно училиште, а под водство на учителката Виолета која несебично, максимално и доброволно, од се срце ги учи децата да пишуваат и да читаат на својот мајчин македонски јазик.

По повод Патрониот празник - денот на црквата беше поканет и нашиот духовен татко, надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Американско-канадски господин Методиј, но поради службено отсуство од епархијата, го испрати архиерејскиот намесник протоереј отец Синиша Ристовски (кој исто така беше поканет од црквата), во негово име да ги поздрави сите присутни и да ни го честита Патрониот празник - денот на црквата. И така, од името на дедо Методиј и од негово лично име, архиерејскиот намесник се обрати до сите присутни пренесувајќи ги топлите и срдечни поздрави и заблагодарувајќи се на гостопримството на 02 октомври оваа година кога молитвено го прославивме големиот црковен македонски празник „Собор на сите македонски светии“ заедно со својот духовен татко митрополитот Методиј.

Според програмата следуваше обраѓање на Амбасадорот д-р Зоран Јолевски кој изворно се обрати до сите присутни и совршено појасни за најновите актуелни случувања во нашата Татковина, Р. Македонија. На крајот од своето обраќање се заблагодари за поканата и за гостопримството и посака многу сплотеност на сите македонци и македонки на духовен, национален, културен и просветен план, а посебно истакнувајќи ги како многу важни младите македонски генерации. Од страна на присутните говорот/обраќањето на Амбасадорот беше поздравен со голем аплауз. Потоа, женската секција пристапи кон сервирање на посната традиционална македонска вечера која беше благословена и пропратена со пријатна македонска музика. Прославата заврши во раните утрински часови во духот на неизмерната христијанска љубов и меѓусебна почит.

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg

Ohajo.sv.Kliment.jpg


 
Известува: о. Васил Манасиев, парохиски свештеник

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная