Повторно во посета на земниот рај!
O preslavnago cudese {mp3}O_preslavnago_cudese-Jordanville{/mp3}
Pricasten {mp3}Pricasten_Jordanville{/mp3}
Tropar na Rozdestvo na Bogorodica {mp3}Tropar_na_Rozdestvo_na_Bogorodica-Jordanville_20_sep{/mp3}
Vidjehom svet istini {mp3}Vidjehom_svet_istini_Jordanville{/mp3}
„Поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата земја!“ (Псалм 95, 9)
„Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие – во Светилиштето Негово.“ (Псалм 95, 6)
„На Твојот дом, Господи, му припаѓа светост за вечни времиња!“ (Псалм 92,5)
Посебно беше убаво чувството да се помага во овој свет манастир! Навистина преголема беше радоста да се учествува во бербата на манастирски јаболка и правењето пити!
Ништо поубаво од топли манастирски пити со јаболка! (посебно ако во нивното правење учество зеле и Македонци)
Прекрасно беше да се биде во Џорданвил за Празникот Рождество на Пресвета Богородица!
Бдението во Свето-Троитскиот храм беше неописливо убаво, а посебна радост донесе помазувањето со миро од чудотворната мироточива Иверско-Хавајска икона на Пресвета Богородица, која повторно треба да пристигне во манастирот за Празникот Покров на Пречистата Богомајка!
Литургијата во Скитот на Светата великомаченица кнегиња Елисавета (кој е во непосредна близина на Манастирот), беше посебно молитвена и убава. Беше вистинска чест да се пее на клирос заедно со сестрите!
Blazen muz {mp3}Blazen_muz_Jordanville{/mp3}
Џорданвил навистина не може да се нарече подобро отколку „парче рај на земјата“! Слава Му на Троичниот Бог што ни подарил вакви свети места!
(Дел од фотографиите се преземени од официјалната веб-страница на Џорданвилскиот Манастир)
С.Л.