Скопската православна епархија ги известува верниците на Македонската православна црква дека традиционалниот Семакедонски собор по повод празникот на сите македонски светители ќе се одбележи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во недела, на 2 октомври 2011 година, со почеток во 8. 30 часот.
Исто така, објавуваме дека од тие причини се одлага осветувањето на камен темелникот за изградба на храмот „Св. вмч. Мина“ – Сопиште. Со благослов на надлежниот архиереј на Скопската православна епархија, Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан, новиот термин ќе биде дополнително утврден и објавен.
Од Канцеларијата на Скопската православна епархија