логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



ПОСЕТА  НА БИГОРСКИТЕ МОНАСИ НА МУЗЕЈОТ МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ

7.jpg
Пред доаѓање Бог љубовта кон земјата ја дарува како топлина од раката на мајка ... секој човек така се поврзува со својот корен, откинати од утробата од првиот плач, до последниот здив остануваме нејзините чеда... стануваме еден род. Благословена е таа врска со земјата, човек од дете сочувствува со секоја болка.... Сме слушнале од мали, дека земјата може и да крвари, но не сме знаеле како... Македонија е света, натопена со многу крв... „пискотници од Галичник до река....тешкото...роди се човек роб биди... овде зората греит душата...“ не се само песни.

 

 1.jpg

ПосетатаДеновиве заедно со братството од Бигорскиот манастир и сестрите од метохот на Св. Георгиј во Рајчица го посетивме Музејот на македонската борба за државност и самостојност . Музеите треба да се неми сведоци на минатото, но ние го слушнавме плачот на тишината, во приказната на кустосот,низ  грчот на лицата на обоените платна, писанијата и печатите, го препознавме помирувањето со предците.Толку многу јунаци, мајки и херои родила оваа Македонија. Велат, само кон чедото и кон земјата човек може да ја почувствува таа гордост и тој бол. Посакавме секој наш верник да се допре и да ги сподели со нас овие свети чувства, затоа ги пишувам овие зборови. За некои од вас нека бидат барем поука, сепак, јас би сакал да ве допрат како молитва.

Музејот

 5.jpgДлабоко сум трогнат и тешко ми е и да згазнам на подот, кој е мрачен и симболично, се уште е мокар, измешани солзи и крвави рани...студентите, борците, јунаците, учените, писателите, преродбениците, но и платната со оние незнајните, мајките, сестрите, селата во пламен, раните кои крварат во снегот, гонетите,убиените,...тие што копаат камен...борбата е иста, го препознаваме истиот товар. Секогаш – за Македонија.Низ восочните фигури, црно белите фотографии и измешаните гласови на војниците, се вративме во времето тогаш, и одеднаш како Бог да ги воскреснуваше зборовите на Делчев, Груев, Гули,Узунов, Сандански, Кузман,Карпош, но и писмата на Рацин, Мисирков,Миладинов....Карев, Ченто...безброј непознати, како во колона по затворски број...ако треба да е како молитва, мојов збор нека им даде мир. Ако секој од нас има долг за дарот, тогаш вредноста ќе ја препознаете таму.

 

3.jpgП

омирување со предците

Музејот сведочи. Исплакана е оваа земја, ама подот подоцна станува сув и никнува зелена трева. Се помируваме со предците. Сега историјата има свој дом. Музејот не е само уметност и мермер, ниту приказна за спомен...ќе го наречам праг од вратата на мојот дом. Тоа се татковците на нашите татковци, тоа е нашето минато, напишано во каменот кој денес зборува, во занданите кои денес се слобода, во селата со чад, кои денес мирисаат на цвеќе,во црквите - каде денес молитвено се пее. Нашата историја е гордост и го заслужува овој дом. Во молитвата тивко и се плаче и се слави.Сите биле млади,една болка што создава грч и само во молитвата можеш да ја стопиш...сега секој може да ги сретне и да ги слави...да се помоли тивко и да раскажува гласно. Чиниш, уште еднаш ги запознавме во редот и како тоа „и јас...со животот....за Македонија„ да, го слушнавме од нивните усти безброј пати, како секој од почеток да се борел во низот, како сите повторно да се колнат на Евангелието и  мечот. Помирување.Тие ни ја донесоа слободата, ние ја исчувавме земјата и им подаривме спомен.Секој тукашен и странец еден ден ќе посака да ги сретне и ќе раскаже за тој спомен, за нашите херои и за нашата Македонија.Земјата се чува, како лебот... Молитвено, со измешани чувства,во Музејот ги гледавме уметноста,историјата, идеалите и сонот. Тоа се нашите корени, нурнати длабоко под каменот, набраздени стебла, густата гора, направени верно на оригиналот што се преведува како „борба...слобода...завет„. Полека слегуваме и повторно сме на влезот. Радоста може да е и со солза, документот за независна Македонија, на почетокот и на крајот, за неа се боревме и се молевме сите.

6.jpg
На заминување

Сега тишината е кротка, небаре се помиривме со претците...секој остана во својот дом, ...тие со својата историска непокорност, јас со мојата молитва. МИР ВАМ, вели благиот Христос.Немирни беа водите на Вардар тој ден, иако времето беше тивко и топло. Знам како жубори Радика, но ова беше еден друг глас...како збогум на испраќање, или довидување до следната средба. Наеднаш и водата се смири, ...сака човек на заминување да се сврти, уште еден поглед...на мостот...фотографии за спомен, деца, старци, развиорено знаме... да, тука се помиривме со нив. Заминуваме, јас му се враќам на манастирот, на Св. Јован и на светиите, тие остануваат и продолжуваат да сведочат, .........Бог нè гледа и ни ја благословува земјата.


Отец Партениј Игумен на Бигорскиот Манастир

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная