(Статии на Успение на Пресвета Богородица).
Во денот кога Православната црква блажено си спомнува за Успението Богородично, во преполнетиот манастирски комплекс во месноста Матка, се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија. Верниот народ молитвено просејќи застапништво од Заштитничката на родот човечки, Мајката Божја, се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Скопска епархија