логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Скопје, 23 мај 2011 (МИА) - Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик светите книги, издигнувајќи го македонскиот говор на степен на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како св. Климент, Наум, Сава, Горазд, Ангелариј, светите Кирил и Методиј - нашите патрони во Македонија ја запалија искрата на писменоста, просветата и културата која пламна се до Киев и Новогород, истакна во својата реч ректорот на УКИМ Велимир Стојковски на свечена академија во Македонската опера и балет.

Тој потсети дека Скопскиот универзитет го одбележува патронатот - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј - 24 Мај и 62-годишнината од основањето на овој универзитет.

- Светите Кирил и Методиј, двајцата рамноапостоли и сопокровители на Европа, кои барајќи го вечното и бескарјното, блеснаа како сонце, ја растераа маглата на незнаењето, на многу народи им ја вдахновија писменоста и им го покажаа патот на светлината, рече Стојковски.

За време на нивниот земен живот, како што рече, светите браќа оставија безброј бесмртни дела и со своето учење и чуда ја просветија македонската земја и земјите на Словените. - Тие остануваат засекогаш бранители на нашата национална и црковна слобода, затоа што пламенот на просветувањето и писменоста запален во Македонија, никогаш нема да згасне, рече Стојковски.

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски истакна дека светите браќа Кирил и Методиј со своето дело оставиле трајна придобивка која, како што рече, е длабоко врежана во основите на нашата македонска култура.

- Обновата на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, обновата на сите разрушени македонски цркви и манастири, обновата на македонската држава, обновата на универзитетите, создавањето и отворањето на нови универзитети и се она што ние како народ го правиме во изминатите децении, сведочи за продолжување на делото на светите Кирил и Методиј, на свети Килимент и Наум Охридски и на сите нивни ученици, рече Наумовски.

Жално е, како што рече, што денес во 21 век некој се уште се обидува да ја негира нашата самобитност, нашата писменост, нашиот јазик, идентитет и култура.

- Колку некој и да се обидува јазикот и идентитетот на Македонците е неизбришлив. Исто како што е неизбришливо делото и заслугата на солунските браќа свети Кирил и Методиј, рече Наумовски.

Претседателот на Студентскиот парламент, Иван Живковски порача дека студентите од УКИМ се трудат да ги зачуваат идеалите на Светите браќа.

- Како студенти се трудиме и работиме на тоа да ги зачуваме идеалите кои се оставени од нашите предци, да ги следиме христијанските вредности, историјата и традицијата во позитивен правец. Да оставиме значаен културен белег зад нас за истото да може да го продолжат и идните генерации. Се чувствуваме должни како студенти на овој Универзитет да го продолжиме континуитетот и неговата позитивна афирмација за гордо да можеме да кажеме дека сме ја исполниле задачата оставена од светите браќа, нашите учители Кирил и Методиј, рече Живковски.

Во уметничката програма концерт имаа симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ на Факултетот за музичка уметност, со солистички настапи на студенти од класите по соло-пеење и балетска педагогија, под диригентство на Саша Никиоловски-Ѓумар. мд/вј/21:15


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная