На 15 мај 2011 г. се одржа голем црковно народен собир по повод патрониот празник на манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во тетовското село Лешок. Во манастирската црква беше одслужена Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.
Празнувањето на преносот на мошти на св.Атанасиј и чудата произлезени од нив, беа вонредна можност да се подсетиме како нашиот Господ Исус Христос го подигна раслабениот. Верувајќи во Учителот, ученикот Симон, наречен Петар, исполнет со Светиот Дух го продолжи делото на Учителот, ширењето на Неговата слава за спасение на мнозина.
Тоа дело го продолжи и ученикот Атанасиј, а многу подоцна и неговиот почитувач – игуменот Лешочки Кирил Пејчиновиќ. Тој, најблиску до нас денес порачува од манастирскиот двор „... чуајте ги обичаите, чувајте ја верата и никоаш немојте да ми го забраете мојов манастир...“.
Литургијата во Лешочкиот манстир ја збогати мешаниот хор Света Софија од Софија, Република Бугарија, под диригентсво на академик Валентин Бобески.
За Преминпортал: Ратислав Кардалев
Лето Господово 2011