логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ -

ХРИСТОС ВОСКРЕСE!


Твоето воскресение, Христе Спасителу,
ангелите го воспеваат на небесата,
а нас на земјата удостој нè
со чисто срце да Те славиме.

 

Возљубени чеда во Господа,

Ниедна друга победа и ниеден друг настан во историјата на светот и човекот, не предизвикале такво сеопшто радување, толкаво небоземно прославување, како овој, кога Маченикот од Голгота ја донесе вечната слобода и живот.

На овој ден воскресна Оној, Кого среброљубивиот ученик Го предаде на смрт, воскресна Оној, за Кого злобните Јудеи измолија од Пилата да биде осуден на крст, воскресна Оној, Кој на Голгота беше распнат меѓу двајца разбојници, воскресна Оној, чиј гроб беше запечатен и чуван со стража, воскресна од мртвите во третиот ден, како што беше проречено, Оној што владее со сите и со сè. Затоа денес се весели небото и се радува земјата, зашто „овој е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се возвеселиме во него“ (Пс. 117, 24) – како што благодатно објави старозаветниот псалмопејач, имајќи го пред себе највеличествениот ден што ќе ја одбележи најголемата победа во историјата на човештвото – денот на Христовото воскресение.

Затоа, нема поголема радост и нема поголемо веселие од она што произлегува од триумфот на доброто над злото, од торжеството на љубовта над омразата, од надмоќта на надежта над очајанието, од преуспевањето на вистината над лагата, од победата на животот над смртта. „Христос воскресна од мртвите... и смртта нема веќе власт над Него“ (Рим. 6, 9), а со тоа и нас нè направи учесници во вечната победа над смртта. Токму на тоа, врз таа серодосна пасхална благовест за Христовото воскресение, се темелат и нашата христијанска вера, надеж и љубов.

Возљубени наши духовни чеда,

Велигден е ден за радост и торжество, за прослава на победата на животот – на Христовото воскресение, кое е основа и белег на новозаветната вистина. Тоа е воедно и исполнување на сите пророштва за спасение на човекот и светот. Воскреснатиот Христос го воскресна и серодниот Адам, го откри и обнови патот кон воскресение на секое тело, зашто како што во Адама сите умреа, така во Христа сите и ќе оживеат (сп. I Кор. 15, 22). Впрочем, суштината на целото Откровение од сите времиња и сржта на евангелската спасоносна порака е дека Христос, Синот Божји – новата Пасха, стана човек, пострада и воскресна заради нас. Ако Христос не воскреснеше, тогаш и нашата вера немаше да има основа, ќе беше празна и нашата проповед, ќе беше празна и вашата вера (сп. I Кор. 15, 14). Оттаму, за нас, христијаните, прославувањето на Велигден го одредува и осмислува нашиот идентитет. Христијанството не е изградено врз идеја, философија или систем на вистини - тоа е засновано врз Личност, врз воскреснатиот и секогаш живиот Христос. Он е жив во вечноста, во Евхаристијата, во срцето на верниците, во зборовите на Светото Писмо, во сведоштвото на мачениците од сите времиња.

Возљубени,

„Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот“ (Јн 3,16). На таа неисцрпна Божја љубов кон созданието, човекот одговори со немилосрдна омраза; на три дни пред тој голем ден на Христовото воскресение му претходеше најстрашниот, најнеправедниот и најзлобниот ден во историјата, кога човекот се осмели не само да Му суди, туку и да Му пресуди на Бога, дури и на крст да Го распне! Но Бог со Својата премудра промисла и љубов и таквата човекова постапка ја пренасочи за добро и за спасение на човекот, воскреснувајќи Го Христа Господа, со што ни го даде залогот за нашето воскресение и ни ја отвори портата кон вечниот живот.

Возљубени празникољупци,

Да се радуваме и да го воспеваме Христовото Воскресение, затоа што тој е најголем и најзначаен настан во историјата на човечкиот род, ден на нашата вечна победа и спасоносен ден за сите оние кои веруваат во Христа Господа - Победителот на смртта и гревот, ден на сите кои се соединети со Него, кои го примаат Неговото Слово и ги почитуваат Неговите заповеди. Целта на христијанскиот живот е да се соединиме со воскреснатиот Христос, да Го видиме во своето срце. Зашто, „Христос воскреснува во срцето, умртвувајќи ги страстните помисли и надминувајќи ги страстните траги и предрасуди на гревот“, како што вели свети Максим Исповедник. Според тоа, не се работи за надворешно формално празнување, туку за внатрешно и егзистенцијално. Низ таа призма светиот Григориј Богослов советува: да не празнуваме панаѓурски и световно, туку божествено и надсветски. Смислата на празнувањето на воскресението Христово не е во вапцаното јајце, ниту само во вртењето околу храмот и најмалку во празничната трпеза. Учеството во тајната на Воскресението, всушност, е доживување на обожувањето, со што преку личниот подвиг и преку учеството во заедничкото дело на Црквата, се исполнува целта на постоењето, целта заради која Бог го создал човекот. Затоа, секој од нас е повикан да живее според верата и во својот живот да ја разбере пасхалната тајна на страданието и воскресението. Само низ призмата на таа тридневна пасхална тајна можеме да разбереме дека крстот е патот и до нашето воскресение. Доколку го осветиме своето срце ќе можеме да сфатиме какви се неправедноста, злобата и бесчувствителноста, а какви се правдината, вистината, доброто и љубовта.

Возљубени чеда на нашата Мајка - Македонската православна црква,

На денешниов Велик Ден, чувствуваме особена радост поради делото на нашиот Спасител, но воедно, како пастири на нашата Света Црква, чувствуваме и тага поради разните несакани состојби кои во последно време го обременуваат нашиот народ. Омразата, зависта и желбата по секоја цена да му се наштети на другиот, силно се внедриле во нашето битие и во нашето секојдневно живеење. Денес како да не го вреднуваме, почитуваме, а најмалку сакаме и признаваме секој индивидуален или, пак, општествен напредок. Секој како да сака да го истакне и реализира своето, но, за жал, на сметка на другиот, а не ретко и на штета на заедничкото добро. Затоа, поучени од настаните поврзани со овој празник, но и втемелувајќи ја во себе вредноста на живеењето во Црквата, да се покаеме и да се поправиме. Да го измениме на добро сопствениот живот, да Го најдеме и вистински да Го следиме Бога, за да ја почувствуваме добивката и вредноста на Христовото воскресение.

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Велигден е црковен, заеднички, сенароден, но и семеен празник, зашто на овој ден повторно треба да се потсетиме на многу вредности, особено на значењето и светоста на бракот и семејството. Живееме во период кога слободата се сфаќа безусловно - дека во модерното време како да е сè позволено, без да се има одговорност и да се познава ред и поредок. Но да не заборавиме на пораките дека „каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја напакости“ (Матеј 16, 26), и дека „сè ми е позволено, но не е сè полезно“ (1. Кор. 6, 12). Затоа, да се грижиме и врз вистинска љубов да ги негуваме во чистота брачните заедници, а воедно да не заборавиме да се радуваме и да Му заблагодаруваме на Бога за најголемиот дар, дарот на животот - децата.

Христијанското семејство е местото каде што се празнува црковно, но и каде што црковно се воспитува. Семејството и парохиската црква, барем засега, остануваат скоро единствените места каде што децата можат да се поучат за својата вера. Тоа, за жал, ќе биде така сè додека не престанат попречувањата и не се овозможи во училиштата избор на предмет преку кој нашите млади генерации ќе научат и за Бога и за вредностите на нашата вера. Ако и дадеме можност на младината да учи од Господа и да се воспитува во Господа, тогаш можеме да очекуваме духовно-морални и примерни поколенија.

Возљубени,

Во светот што се менува, Евангелието не се менува! Добрата вест е секогаш една и иста: Христос умре и воскресна заради нашето спасение! Затоа, да не заборавиме дека Бог не прави ништо на сила и дека ние со вера треба да го прифатиме тоа спасение. Во добро, мир, слога и меѓусебно разбирање, како овде, во Татковината, така и насекаде каде што нè има по светот, да дозволиме да воскресне Христос, та во нашите души да ја возобнови надежта, да ја утврди верата и да ги возобнови и исполни нашите срца со тајната на Бога и Неговата љубов.

На денов кога целиот христијански свет зеднички го одбележува празникот на Христовото воскресение, ве поздравуваме со древниот радосен поздрав, што се пренесува уште од времето на апостолите, па сè до денешни дни: Христос воскресе - навистина воскресе!

 

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
+ СТЕФАН

со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

КИРИЛ, Митрополит Полошко-кумановски
ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски
ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
НАУМ, Митрополит Струмички
АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
ПИМЕН, Митрополит Европски
ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 

На Воскресение Христово,
2011 Лето Господово.


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

17/05/2026 - недела

Св.маченичка Пелагија Тарсиска; Св. свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; Преп. Никифор; Св. Баташки новомаченици ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная