Со благослов на неговото блаженство Aрхиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан во очи Велигденските празници цркавата св. Петка од Скопје го издаде периодичното списание „Наша Парохија“. Имено, станува збор за периодичен гласник на црквата Св. Петка, чиј што прв број тематски е насловен како Велигденски радосник, а посветен на празникот над сите празници, Христовото Воскресение - Велигден. Инаку во план е списанието Наша Парохија да продолжи континуирано, периодично да излегува, притоа посветувајќи ги своите страници на зачувување, но и реафирмирање на православните христијански вредности и духовност.
Наташа Деспотовска- Димитриевска
Извадок:
Чудотворната икона на Пресвета Богородица Милостива
Преминпортал
Лето Господово 2011