с.Љубанци (скопско), Април 2011 год.
Манастир на св. Никола
Се побројни се гнездата на ластовичките, кои во конакот како во ланец ги поставија своите времени живеалишта.
Стариот, архитектонски многу значаен конак- со секој изминат ден, е се потажна глетка.
Од библиотечниот и иконографски фонд
Ако светот ја знаеше силата на Христовото слово: “Научете се од Мене на смирение и кроткост”, тогаш целиот свет, целата вселена ќе ги оставеше сите други науки и ќе ја учеше само оваа небесна наука.
Луѓето не ја знаат силата на Христовото смирение. И заради тоа ги влече земното. Но човекот не може да ја познае силата на тоа слово Христово без Светиот Дух. А кој ја познал тој нема да ја остави таа наука, дури и да го збогатат со сите светски царства.
Господи, дај ми го Твоето смирение, да се всели во мене љубовта Твоја, и да живее во мене Твојот свет страв.
Тешко е да се живее без љубовта спрема Бога. На душата ѝ е темно и тесно. Но кога доаѓа љубовта, тогаш е невозможно да се опише радоста нејзина. (св.Силуан Атонски)
Лето Господово 2011