Заради нас си се родил од Дева и распетие си претрпел, Благи, уништувајќи ја смртта со смрт и воскресението јавувајќи го како Бог. Не презирај ги оние што со раката Твоја ги создаде, но јави го човекољубието Твое, Милостиви. Прими ги молењата на Богородица, која Те роди и, спаси ги, Спасителу, луѓето од очајание.
Утрена, петта недела од Постот
Поуки од светите отци: Прави го ова во поглед на своите браќа: гледајќи дека вашето пријателство се раскинува, поитај сесрдно да го обновиш.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Боже бесмртен, дај ни непрестајно да се угледаме на Исуса, Почетокот и Крајот на нашата Вера. Секогаш скрушено и скромно да Ти благодариме Тебе, борејќи се да бидеме деца Божји и преку молитвите и вечното застапништво на Пресветата Богородица, да се утврди нашата надеж и вера во Тебе. Амин
Читање од Светото Писмо:
Исаија 41, 4-14
Битие 17, 1-9
Соломонови Изреки 15, 20-34; 16, 3-9
Созерцание: Остави ги на Господа делата свои и цврсти ќе бидат твоите намери.
Соломонови Изреки 16, 3
Подготви: А.Л