логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Theodore.jpg

Поука од св. Теодор Студит

 

За средата од третата седмица на Великиот пост

Браќа и отци! Нашето постоење, како што гледате, е минливо, ден за ден тече нашиот живот и се приближува до крајот, и за секој неизбежно ќе дојде часот да замине од овој свет и да се упати таму каде што се нашите отци. Поради тоа неопходно е да имаме голема грижа за тоа да се покажеме подготвени и успешни во нашиот час. Божественото Писмо ни проповеда за потопот и вака ни говори Господ: како што во времето на Ное луѓето не мислеа на потопот, туку јадеа, пиеа, се женеа, се мажеа, купуваа, продаваа, и одненадеж дојде потопот и ги погуби сите (Лк 17, 26-28), така ќе биде и кога ќе настане Второто Христово доаѓање. Веројатно, ние се чудиме на тврдоглавоста, слепилото и бесчувственоста на луѓето, кои го виделе ковчегот, што во текот на сто години го градеше праведниот Ное и кои го слушале како тој им говорел дека Бог ќе испрати потоп да ги потопи за злите дела што ги правеле, но кои на тоа не обрнувале внимание и не сакале да се покајат. Но, сепак, да помислиме – го нема ли во нас самите тоа што го осудуваме?  Бидејќи, иако ние денес не гледаме ковчег што се гради, секојдневно гледаме гроб исполнет со прав, во кој денес или утре ќе слеземе, ќе одиме таму каде што се и нашите браќа, кои, одделувајќи се од нас, си заминале еден по друг. А ние сме мрзливи и не се грижиме за спасението на нашите души, не мислиме за подготвувањето, за да не нѐ изненади нашиот час, што ќе донесе мака и голем очај, на оној кој ќе биде неподготвен и никој не ќе може да му помогне; ќе сака да ги врати залудно потрошените денови, но нема да може да ги врати и затоа ќе плаче неутешно.
Поради тоа, нас нѐ чека неспоредливо пострашна казна отколку потопот тогаш. Затоа да бидеме подготвени на одговор пред да настапи часот на смртните страдања. Меѓутоа, јас не велам да не јадеме, да не пиеме и да не носиме облека, туку зборувам според апостолската заповед: И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја (1. Кор. 10, 31). Сите наши дела и дејствија мора да бидат богоугодни, бидејќи ние сме христијани и не смееме да даваме повод на верниците и неверниците да го одрекуваат и презираат нашиот живот, како што и Апостолот повикува: не поставувај му на својот брат сопка или соблазна (Рим. 14, 13).
Навистина, ве молам и ве преколнувам, браќа мои, исполнете ја мојата радост, како што говори Апостолот: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов и бидете еднодушни и едномислени; не правете ништо од честољубие, или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! (Фил 2, 2-3). Внимателно да ги чуваме нашите пет сетила: очите - да не гледаат на она што не доликува, слухот – да не го слуша она што нема да ни донесе корист, вкусот – да не се стреми кон задоволувањето на похотите на нашата утроба, допирот – да се чуваме од недостојни допири; зашто од сетилата, ако не ги надгледуваме, настапува смртта и вистинската погибел на душата. Ако се погрижиме за тоа нашиот ум да не се занимава со метежни и бескорисни дела, нема да замислуваме во нашата фантазија плотски похоти, затоа што со тоа нема да ѝ овозможиме на нашата душа радост, туку ќе ѝ нанесеме голема штета и најпосле, ќе здобиеме горчина, страдање и болест.
Затоа, браќа, има само една вистинска радост и една веселба за душата и таа се состои во тоа да се чуваме себеси во чистота од плотските страсти и од плотските помисли и усрдно да се стремиме кон бестрастие, т.е. да не се сквернавиме себеси, ни со збор, ни со дело. Да не бидеме мрзливи и да не ни биде тежок патот, кој ветува дека ќе ни ја донесе радоста на бестрастието и чистотата; да се покаеме за секое наше согрешение и Бог ќе ни биде наш сигурен помошник, зашто блиску е Господ до оние кои трпат заради Него. Живеејќи така, ќе бидеме удостоени за Небесното Царство во Христа Исуса нашиот Господ, Кому Му прилега слава и величие, со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков. Амин!

St._Theodore_the_Studite_01.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

Ilust.zadete2.jpg

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

18/06/2026 - четврток

Петровденски пости; (пост со масло)

Св. свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преп. Теодор Пустиник; Преп. Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная