Лето Господово 2011 г.
Господи, ти си одредил покајание за мене грешниот, сакајќи заради Твоето неизмерно милосрдие мене недостојниот да ме спасиш. Припаѓам кон Тебе и Ти се молам: смири ја преку постот мојата душа, зашто како кон покров прибегнувам кон Тебе, Единствен Многумилостив.
Утрена, Чист четврток
Поуки од Светите отци: Затоа, во кого во срцето се наоѓа лажливост, омраза, осудување, тој претходно нека ја очисти душата своја, па тогаш нека пристапи и пости и се моли. Кој е непријателски расположен спрема својот брат и го исмева, тој прво нека се измири со братот и нека му прости; дури тогаш тој може да се приближи кон Господа.
Свети Ефрем Сирин
Молитва:
Господи, во срам и тага се отвораат дверите на моето срце. Помогни ми да ги спознаам моите гревови, укрепи ме и вразуми ме да помолам за прошка. Избави ме од тврдоглавост и срдечна закоравеност и заштити ме, зашто на тебе се надевам. А кога ќе се вселиш во нас, Спасителу, очистувајќи ги нашите срца, никогаш повеќе не нè напуштај. Амин.
Читања од Светото Писмо:
Исаија 2, 11-21
Битие 2, 4-19
Соломонови Изреки 3, 1-19
Созерцание: Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото.
Соломонови Изреки 3, 7
Подготви: А.Л.
10. 03. 2011 год