Слика 1.
Имаше приказни од волшебства разлистани,
За лица извајани,
Со крилести снегулки...
Слика 2.
Паѓаше тивко во ноќни секунди,
Од висини, низ ротирачки потези...
Бараше просторни позиции,
За да состави свои цртежи....
Слика 3.
Снежна динамика опседна задлабочени зеници...
Ако потрајат волшебства, Бог ќе дари убавина...
Ќе беше тоа тело во ладнина.
Што испотува нечија енергија....
Слика 4.
Белината и правеше колорит,
На праменеста должина...
Радувај се снегулко,
На твоите женствени мозаици,
Расказувачки сказни....
(Марјан.Николовски)
Слика 5.
Автор:
Марјан Николовски, по професија новинар, а според интересот , покрај останатото, и прекрасен фотограф. На конкурсот на Преминпортал - „Моја визура“ , неговата фотографија „Фенери пештани“, ја освои третата награда , а и како колекција награден е со третото место.
Лето Господово 2011
Моја визура - дел Први
(продолжува)