Спомнувајќи го животот на света Ксенија, која на 26 години се одрекла од својот разум и бедно живеела по улиците на Петербург ни се отвораат можност многу подлабоко да погледнеме во животот.
Во градот на св. апостол Петар, на Смоленските гробишта се наоѓа малечка часовна во која е сместен гробот на онаа која се прославила како мајка на многумина. Св. Ксенија поминувајќи околу 40 години од својот живот по улиците на овој град, укрепувајќи ги очајаните, давајќи им милостиња на бедните, невозможните зими во Санкт-Петербургскиот реон затоплувајќи ги со својата љубов. Долу наведената беседа, изговорена од јеромонах Методиј Зинковскиј, доволно сведочи за љубовта и подвигот на света Ксенија предавајќи ни го нејзиниот спомен, затоа јас само ќе го посакам благословот на св. Ксенија да ни помогне и укрепи на патот кој го одиме, преку крстот до воскресението.
Те величаме света блажена мајко наша Ксенијо, и го чествуваме светиот твој спомен, зашто ти Го молиш за нас, Христа нашиот Бог.
"Кога и починал сопругот, таа го зела неговиот капут, неговото име и цело време велела дека не тој, Андреј, а таа починала. Откако се откажала од се што имала, и сите ја сметале за безумна, таа останала да живее на улиците на Петроград, молејќи се цело време за спасение на душата на нејзиниот сопруг, и за спасение на целиот свет... Љубовта која ја имала света Ксенија треба да ни даде многу јасна слика за совршенството, за спасението. Ова треба да ни открие штто значат зборовите од Евангелието: кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби. А кој ја загуби заради мене и Евангелието ќе ја спаси. Што значи молитвата за целиот свет, и каков е тој подвиг порано не ни бил толку откриен, но во личноста на св. Силуан Атонски кој цел живот го поминал на Св. Гора и во неговите зборови љубовта кон ближниот и начинот на нашето спасение многу едноставно се опишани. За жал денеска има многумина кои се плашат да се молат за други луѓе, мислејќи дека ќе ги снајде нешто лошо. Најпрвин ќе речам дека тоа е многу примитивно суеверие. Секако дека ќе биде тешко да се молиме, но какви христијани ќе бидеме ако не се молиме едни за други. Се додека не се научиме да сакаме нема да влеземе во Царството на нашиот Господ. Некои велат дека монасите себично се затвораат и се молат само за себеси. Не, најголемите преподобни и праведници кои се одделувале во пустината се одделувале токму за тоа, да можат да се молат за целиот свет. Господ Исус Христос по молитвите на св. Ксенија Петроградска и Пресвета Богородица не научи да сакаме, растиме во љубовта и достојно да Му благодариме на Господа за се. Амин!"
За Преминпортал:
Златко Дивјаковски