логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




На 31.01.2011 година, денот кога го чествуваме великиот светител и поборник на православието Атанасиј,  во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир, игумен Јосиф, свештениците Игор Никовски и Димче Азески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј го прекрши празничниот колач и се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме:

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Прекрасен е Бог во Своите светии! Овие зборови на старозаветниот псалмопевец Давид ни посведочуваат една непобитна вистина, а тоа е дека големината Божја и Неговата сила се гледаат јасно и гласно преку животот и делото на неговите угодници, подвижници и светители.

Нашиот Господ, како Милостив Отец, сака сите Негови деца, кои се создадени според ликот и подобието Негови, да дојдат до познавање на вистината и да го наследат ветеното Царство Небесно. Но, сите луѓе не можат да го постигнат спасението, а преку тоа и да постанат и наследници на Царството Небесно. А тоа не го постигнуваат, бидејќи не се придржуваат сите до Законот Божји и не ја исполнуваат волјата Божја. Во оваа прилика можат да се употребат зборовите Христови: „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен. Мнозина ќе Ми речат во оној ден: Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име? И зар не изгонувавме бесови во Твое име? И не правевме ли многу чуда во Твое име? И тогаш Јас ќе им кажам: - Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене, вие што правите беззаконие!“ (Мт. 7,22-23).

Од овие Христови зборови ни се дава можност да извлечеме заклучок дека нема ништо подобро и поспасоносно за нашата душа од целосното предавање и покорување на волјата Божја. За ова имаме безброј примери, како во Стариот завет, така и во Новиот завет. Да споменеме само еден пример од Стариот завет: кога пророкот Самуил му ја открил на старозаветниот свештеник Илиј волјата Божја, дека ќе му суди на неговите синови поради нивните лоши дела, Илиј одговорил: „Он е Господ; што Му е угодно, тоа и нека направи“ (1Цар. 3,18).

Но, најдобар пример на послушност и покорност на волјата Божја гледаме во нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Пред Своето страдање кога се молел во Гетсиманија, Христос ги упатува следните зборови кон Својот Отец Небесен: „Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, без да ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја“ (Мт. 26,42). Ако така постапил Синот Божји, тогаш колку повеќе сме ние повикани да ја покоруваме нашата волја на Бога.

Светителите и Божјите угодници се прекрасен пример за нас, кои сеуште го одиме патот, со можност и за поправање, но и за паѓање. Нивните житија ни покажуваат како тие ја покорувале нивната волја во исполнувањето на законите и прописите што ги бара Словото Божјо. Токму таков угодник Божји и денеска светата православна Црква прославува,  а тоа е свети Атанасиј Велики.

Тој уште од рана возраст го засакал Христа и тргнал по Божјиот пат. Божјото провидение сакало овој храбар исповедник на верата православна да живее во еден временски период кога светата православна црква ќе има страшни внатрешни непријатели со појавата на разните еретички учења, особено прочуениот александриски презвитер Ариј. Св. Атанасиј, како ѓакон ќе го придружува Александрискиот Архиепископ Александар на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Како високо образован, талентиран и со бистар ум и прецизна мисла, тој ќе биде оној кој ќе ги преточи размислувањата и учењата на светите оци во првите осум члена од Символот на верата на нашето учење.

Подоцна ќе го наследи тронот Архиепископски во Александрија и ќе ја продолжи борбата со еретиците - аријанци. Тој ќе остане 40 години на епископскиот трон, но најголем дел од овие години ќе ги помине во разни заточенија и прогонства, заради вистинското и правилното учење на светата Црква. Но, св. Атанасиј и кога блескал со своето учење во Александриската катедрала и кога бил прогонуван во најоддалечени пустински предели, подеднакво ја покорувал својата волја на Божјата. Затоа и светата Црква го одликувала и му дала епитет што ретко го дава на светите луѓе - Велики. А неговиот, пак, тропар, кој го нарекува столб и тврдина на верата, уште повеќе нè потсетува и нè подучува како треба да бидеме цврсти и непоколебливи во нашето исповедание и во Сèмилостивиот Бог.

Да се обратиме со молитва кон овој голем Божји угодник, од неговата силна и непоколеблива вера да всади дел и во нашите души и во нашите мисли, за да можеме и ние да ја сведочиме и исповедаме нашата православна вера, поткрепена и со добри дела и да го добиеме ветеното Царство на небото. Амин!

Митрополит Тимотеј

Св. Атанасиј Велики
31.01.2011 година, Охрид

  

 

Извор:

http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=689
 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

10/06/2025 - вторник

Никита Исповедник, епископ Халкидонски; Светата маченичка Еликонида; Свети Игнатиј, епископ Ростовски; +Свети Варлаам Охридски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/  2025

Тропар на преподобниот Христов епископ и исповедник Никита Халкидонски 10 јуни/28 мај/ 2025

Блажен е подвигот твој оче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –сe...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Сардиски Терапонт  9 јуни/ 27 мај 2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Сардиски Терапонт 9 јуни/ 27 мај 2025

Раззеленувањето на дрвјата ја покажува силата на пролетта, но ти Терапонте со благодатта Христова,  надминувајќи ја природата створена, со вера во Оној Кој...

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная