Скопје, 29 јануари 2011 год.- храмот на св. Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 57)
Рече Господ на Своите ученици: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците, и предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“ Па седна Исус спроти ковчежето и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу. И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант. А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето; зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сè што имаше, целата своја прехрана.“
На 29 јануари 2011 година, на празникот на Чесни вериги на св. апостол Петар и преподобниот маченик Дамаскин Габровски во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, отец Владимир Белчовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј Светогорец
Оние што не примаат забелешки од луѓето што ги љубат, а им даваат значење на потсмевите на луѓето што размислуваат световно, сепак крајно остануваат “криви дрва”. Исто така, штиците што не го примаат стругањето од Дрводелецот за да станат мебел, па завршуваат во бетонот или во скалите и биваат газени и валкани со кал сè додека не бидат уништени и не завршат во оган. На многу горделивиот, ако е особеник и избувлив, нема да му биде корисна дружбата со смирен човек, туку често станува уште побезобзирен. Значајно е да осознаете дека дури и ѓаволот исчезнува од смирението.