Скопје, 28 јануари 2011 год.- храмот на св. Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 56)
Во она време пристапи кон Исус еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат садукеите со Него и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ,Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е првата заповед. А втората е слична на неа: ,Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема. Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него; и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.“ Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ Потоа никој веќе не смееше да Го праша.
И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: „Како зборуваат книжниците дека Христос е син Давидов? Сам, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: ,Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, дури не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои!’ И така, сам Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Он син’?“ И многу народ Го слушаше со сладост.
На 28 јануари 2011 година, на празникот на Преподобен Гаврил Лесновски ; Преподобен Павле Тивејски; во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Мал водосвет
Ма
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј Светогорец
Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.