19.01.2011 На празникот Богојавление, Неговото Високопреосвестенство благоволи да отслужи празнична Божествена Литургија во соборниот храм свети великомаченик Димитриј во Битола, каде што го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет, а потоа го фрли чесниот и живототворен крст во базенот при соборниот храм. Потоа, Митрополитот г. Петар, изврши осветување на водите во Преспанското Езеро, во месноста наречена Рибарско Село во близина на Отешево, и таму, во присуство на голем број верници, го фрли чесниот и живототворен крст.
На 20.01.2011 г. (Св. Јован Крстител) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар, благоволи да отслужи празнична Божествена Литургија во храмот Св. Кирил и Методиј во Ресен.
За Преминпортал: Весна Апостоловска