Скопје, 21 јануари 2011 год.- храмот на св. Петка
Во 33-та та недела по Педесетница, на празникот на свети Григориј, епископ Охридски, светите маченици Јулијан и Василиса, преподобен Георгиј Хозевит во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Василиева Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 51)
Рече Господ на Своите ученици: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
По Литургијата
Господи, Љубов неискажлива, сети се на Твоите чеда упокоени!
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј СветогорецПоголема е вредноста на словото на еден смирен човек со опит, што излегува со болка од длабочината на неговото срце, отколку куп красноречиви зборови на еден конте што зборува набрзина и со извежбан јазик, но не ги исполнува душите зашто зборовите се телесни, а не се пламениот јазик на Светата Педесетница.