http://www.youtube.com/watch?v=fzw3AZKYyeg
ПЕТОК
На денот Богојавление на дело е покажано дека домостројот на нашето спасение се врши со Господ Исус Христос, по благоволение на Отецот и со содејство на Светиот Дух. Сега зборот од апостолите ни укажува и на тоа дека спасението на секој посебно не се случува никако поинаку туку со дејствието на Пресветата Троица-Отецот и Синот и Светиот Дух: По провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа (1.Пт. 1, 2). Гледајќи го оној кој што е подготвен да поверува, Богоотецот го пресретнува со своето благоволение и го повикува на спасение со благодатта на Светиот Дух. Повикувајќи го во вера оној кој што поверувал и утврдувајќи го во неа , Светиот Дух со тајната на крштението го попрскува со Крвта на Господа Спасителот. Стекнувајќи така влез во него, Тој го исполнува и во се му помага на патот кон неговото спасение. Затоа треба да ја фалиме, да и пееме, да ја величаме Пресветата Троица, благиот Сотворител на нашето спасение, и од своја страна да вложиме секаква ревност, брзајќи да се украсиме себеси со доблести, по образот на Оној кој што не создал и обновил за да не се покажеме неплодни за познание на Бога и за да не си го затвориме себеси влезот во вечното Царство Негово, во кое сме повикани (2.Пт. 1, 5; 8; 11).
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.