http://www.youtube.com/watch?v=fzw3AZKYyeg
Четврток (Собор на св. Јован Крстител)
Свети Јован сведочел за Исус Христос дека навистина е Јагне Божјо, кое на себе ги зема гревовите на светот (Јован 1, 29), дека е ветениот Избавител, очекуван од сите. Тоа го слушале оние кои што биле покрај него и му поверувале. Од нив ова сведоштво преминало на народот и сите прифатиле дека Оној за кого Јован сведочи не е обичен човек. И Спасителот укажал на ова кога во последните денови на црквените старешини во храмот им го поставил прашањето:„Крштевањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето?“ (Мк. 11, 30). Меѓутоа тие избегнале да одговорат, иако не било можно да не се забележи дека Јован не дошол сам од себе да крштева со вода. Меѓутоа, доколку го признаеле тоа, веднаш би биле должни да го признаат и неговото сведоштво т.е. дека пред нив стои Ветениот, и дека треба да му се покорат на Неговото учење. А тие не го сакаа тоа, и тоа не од било какви оправдани причини, туку единствено од предубедување. Но нивната тврдоглавост нималку не ја смалува силата на сведоштвото на Светиот Јован. Тоа и сега е исто онолку верно колку што било и тогаш кога излегло од неговата уста. И ние Свети Јован Крстител го слушаме како оној кој што ни укажува на вистинскиот Избавител, оживувајќи ја својата вера со опипливи докази.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.