Чекорите свои по патот ги бројам, од страна мириса на јоргован, но ветерот чудни нешта ми кажува...на прагот е зимата.
Овој женски манастир се наоѓа на границата меѓу Чикаго и Вискансин. Истиот е еден од многуте грчки манастири, кој е под духовно раководство на старец Ефрем од Аризона. Посветен е на свети Јован Златоуст, возглавен со игуманија (женски манастир). Покрај главната црква, во истиот манастир има три параклиси, на свети Архангел Михаил, свети Јован Крстител и параклис посветен на Мајката Божја.
Погледот на овој манастир е прекрасен, како на есен, така и во зима. Речиси во секое годишно време овој манастир си има свои слики (пејсажи) за инспирација, тихување, молитва...
Ах, длабока е болката од отсутвото Твое...
Подготви: Стојанче Серафим Андов