Скопје, 16 јануари 2011 год.- храмот Рождество на Пресвета Богородица
Во 32-та недела по Педесетница, на празникот на светиот пророк Малахија, светиот маченик Гордиј, и света Геновева, во храмот Рождество на Пресвета Богордица, Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 46)
Рече Господ на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“ А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! Полесно ѝ е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат - да влезе во царството Божјо.“ А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?“ Кога ги погледа Исус, им рече: „3а луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сè е можно!“
И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сè и по Тебе одиме.“ А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век - и живот вечен. И мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.“ Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.
Преминпортал
Лето Господово 2011