„Дева денес Надсуштествениот Го раѓа и земјата на Непристапниот пештера Му принесува, ангелите со пастирите славословат, мудреците со ѕвездата патуваат. Се роди заради нас Новороденче, Предвечен Бог.“ (кондак на празникот)
На празникот на Рождеството Христово, поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенство од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, на која присуствуваше и државниот врв на Република Македонија: претседателот на државата г-дин Ѓорге Иванов, претседателот на Владата г-дин Никола Груевски, претседателот на македонското Собрание г-дин Трајко Вељановски, вицепремиерот за европски прашања г-дин Васко Наумовски, претседателот на комисија за меѓурелигиски дијалог г-ѓа Валетина Божиновска, и голем број верници. Многубројниот присутен верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, Архиепископот г.г. Стефан во чест на празникот на Рождеството Христовo, во Архиепископијата на МПЦ ги прими претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељаноски, премиерот г-дин Никола Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции г-дин Васко Наумовски и претседателот на комисија за меѓурелигиски дијалог г-ѓа Валетина Божиновска.
Преминпортал
Лето Господово 2011