Прославувањето на патрониот празник МПЦО. Св. Прохор Пчински во Пиаченца Италија оваа година беше одбележано со повеке содржини.
Се започна во сабота на 30.октомври со турнирот во мал фудбал на кој што учествуваа 10 екипи од Италија и Швајцарија. Турнирот помина во духот на меѓусебното запознавање и друзење на уцесниците, организаторите и бројната публика која ги бодресе своите миленици. Првото место и преодниот пехар го освои екипата на Македонија Клесов од Пиаченца.
Следниот ден кога православната црква го слави споменот на св.ап. Лука се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот митрополит г.Пимен во сослужение со парохискиот свештеник о.Климент Мишањ на која многубројниот верен народ се причести со Светите Тело и Крв Христови.
Во склоп на чествувањето беше представена и авторската ликовна излозба на Васко и Сања, двајца наши млади сликари кои се школуваат во Италија и кои полека но сигурно се етаблираат на италианската ликовна сцена.
Истата вечер беше организиран и собир на нашинците, проследен со традиционална македонска музика .
Следниот ден на патрониот празник св. Прохор Пчински се одслужи Света Литургија на која што прсуствуваше неговата екселенција амбасадорот при светата столица г.Ѓоко Ѓоргевски и многуброен верен народ.
Празнувањето заврши со традиционалниот заеднички ручек на кој ни се приклучи и парохискиот свештеник на Романската Православна Црква о.Јуриј, а на кој што се представија со свој настап и најмладите членови на играорната секција при асоцијацијата Македоника, за што беа наградени со бурен аплауз од илјадниот народ.
За Премин портал од Италија
Слободанка Мишањ
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.mk/images/Pljacenca_06.11.2010