Свети Максим Исповедник
Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами. Зашто Господ рече ’Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, но оној што ја твори волјата на Мојот Отец (Мат. 7, 21) и повторно: ’Кој Ме љуби ќе ги држи заповедите Мои’ (Јован 14, 15) и останатото.
Соборен храм на св. Климент Охридски- На празникот на Светиот свештеномаченик Еротеј; Преподобен Амон; Преподобен Павле Препрости.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 19)
Во она време, кога поучуваше Исус и седеа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја, и од Ерусалим; а Он имаше сила Господова да лекува. И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше фатен, и сакаа да го внесат и положат пред Него; па, како не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постелата насреде пред Исуса. А Он, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гревовите!“ Книжниците, пак, и фарисеите почнаа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен единиот Бог?“ А Исус, кога ги разбра нивните помисли, им одговори и рече: „Што размислувате во срцата свои? Што е полесно да се каже: ,Ти се простуваат гревовите,’ или да кажам: ,Стани и оди’? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите“ - па му рече на фатениот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде дома, славејќи Го Бога. Ужас ги опфати сите и Го славеа Бога; па, како се исполнија со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“
На 17 октомври 2010 година, во 21-та недела по Педесетница, на празникот на Светиот свештеномаченик Еротеј; Преподобен Амон; Преподобен Павле Препрости, во соборниот храм на св.Климен Охридски, во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2010