логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Goran.sv.Erotej.jpg

 
Излезе од печат шестиот дел од Едицијата „Библиски настани“ со работен наслов Великиот Давид, во кој е дообработена приказната за цар Давид, која беше тема и на претходниот број од оваа едиција.ѓ
 
Предговор за стрипот
 
Предговор на стрипот за Великиот Давид – II дел

Во вториот дел од библиското раскажување за великиот цар Давид, опфатени се неколку теми: доаѓањето на власт на царот Давид, изградување на царскиот град – Ерусалим, неговата желба за градење на храм Божји, гревот на Давид и последиците од него, и неговата смрт.
По смртта на Саул, кој заради својот небогоугоден живот, по Божја промисла беше симнат од власт, на негово место беше поставен Давид за цар на Израилот. Сè додека тој Му угодуваше на Бога и живееше според Божјата волја, сè му врвеше на добро, победуваше во сите војни, го градеше градот Ерусалим, кој воедно требаше да стане царски град, им правеше добро на сите луѓе, особено на оние кои останаа живи од Сауловиот дом. Тој посака да Му изгради храм на Господ Бог, но преку устата на пророкот Натан, Бог му кажа дека неговиот наследник ќе ја заврши неговата замисла. Тој свечено го пренесе Ковчегот на заветот во Ерусалим и нареди да се извршуваат служби на Бога.

Сè му врвеше добро, сè додека еден ден не ја здогледа убавата Вирсавија, жената на неговиот војсководец Урија. Распален и помрачен од желбата по туѓата жена, тој, заборавајќи на Бога, и на тоа дека со овој грев ќе растури едно семејство, ја повика при себе и направи прељуба со неа. По некое време доби вест од неа дека е бремена. Потоа, за да го оддалечи нејзиниот маж, нареди да го испратат во најжестоката битка, каде што сигурно би загинал. Тоа и навистина се случило. По смртта на Уриј, Давид ја зел Вирсавија за жена. Но, пророкот Натан, преку приказна, му ги отворил од грев помрачените очи на Давида, и му укажал дека она што го сторил (прељубата и убиството на невин човек) е голем грев, и дека поради тој грев, синот што ќе му го роди Вирсавија ќе умре. Давид почнал да плаче и да се кае, Го молел Бога за своето дете, но сè било попусто. Смртта на детето настапила како отплата за неговиот грев. Тогаш тој горко се каел и го испеал познатиот педесетти псалм. Гревот му бил простен, но последиците траеле долго. Оттогаш многу работи се измениле во неговиот дом, настанал голем неред, неговите деца се замразиле и се свртеле едни против други, па дошле и до братоубиство. Синовите кои останале се бореле за престолот на нивниот татко, иако сè уште бил жив, а тој сето тоа го гледал, се трудел да го зачува престолот, но и на своите деца да не им наштети. На крајот, според ветувањето што ѝ го дал на Вирсавија, нејзиниот син Соломон бил свечено поставен за цар на Израилот, а Давид се упокоил и бил погребан во Ерусалим.
Поентата на овој библиски настан е јасна. Сè додека живееме богоугоден живот, Бог нè заштитува со Својата благодат, и нам сè ни оди на добро, а сето тоа ќе пропадне во моментот кога ќе заборавиме на Бога и на сето она што Он го направил и го прави за нас и ќе паднеме во голем грев. Тогаш, самите ќе почувствуваме голем товар од гревот, но и ќе се почувствуваме напуштени од Бога, и од Неговата благодатна помош.
За човекот најприродно е да постои во заедница со Бога, додека пак секое одвојување од заедницата со Бога повлекува и други поделби: одвојување на човек од човек (индивидуализација и изолација, разводи, пропаст на брачната заедница), одвојување од природата (еколошки катастрофи), одвојување од животните (само светителите можат да бидат во мир со животните, како што гледаме во житијата на свети Серафим Саровски, св. Герасим Јордански и др.), раздвојување, расцепување на личноста (шизофренија). Почетокот на сите овие нарушени односи е во нарушениот однос со Бога, но и нивното повторно воспоставување треба оттаму да започне – од градењето на заедница со Бога. Гревот, пак, ја нарушува таа заедница, и гради ѕид, преграда помеѓу нас и Бог. Покајанието, придружено од нашите подвизи и литургиски живот, го руши тој ѕид и нè враќа онаму каде што ни е местото -  во прегратките на нашиот Бог Отец. Па така, колку и да сме згрешиле или грешиме, секогаш треба да бидеме свесни дека Бог нè чека да Му се вратиме. Некогаш ни дава и долги години за живеење, но не како благослов заради нашата праведност, туку ни дава време за да се покаеме и да си ја спасиме душата. Затоа да не чекаме и да не го одложуваме времето на покајание, бидејќи затоа Бог го сокрил смртниот час од нас, туку веднаш да поитаме на покајничка исповед кај нашите свештеници – духовници, да се ослободиме од гревовите, да започнеме подвижнички живот, кој ќе ни помогне да градиме и изградиме заедница со Бога, која започнува во овој живот и никогаш не завршува, туку станува начин на постоење во вечноста, во вечниот живот. Амин.

 

Митрополит Повардарски

г. Агатангел

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=1002&Itemid=32

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

15/06/2025 - недела

Св. Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; Св. новомаченик Константин; Св. Јован Нов Сочавски; Св.свештеномаченик Еразмо Охридски; Св. дваесет илјади маченици Охридски;


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная