На 20. 08. 2010 година на празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитот Дебарско – Кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од МПЦ - ОА, отслужи света архиерјска литургија.
На крајот од светата литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа пригодна беседа, а Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на Своите браќа Архиери за присуството на Прославувањето на Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш. Истотака во оваа пригода Митрополитот г. Иларион на најзаслужните организтори на оваа торжествено прославување како и на Црковното Настојателство при храмот Св. Троица во Радовиш им додели по една Благодарница.
По оваа од името на Здружението за прославување на Светиот маченик Спасо Радовишки на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Присутните Архиереи на МПЦ – ОА им подарија по едно мало архиерејско облекување за да се молат за народ во Радовиш.
По ова Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ги благослови и освети иконите со ликот на Светиот маченик Спасо Радовишки и свештеноереите ги поделија на присутните верници.
После светата литургија, свештенослужителите и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, извршија литија од храмот Св. Троица до Градскиот Плоштад во Радовиш каде Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го освети ново-изградениот параклис посветен токму на Светиот маченик Спасо Радовишки, Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш, и го благослови и пресече празничниот леб. По ова на самиот Плоштад, кој го носи името на Овој Светител, беше организирана културно – уметничка програма на која на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и г. Ристо Гуштеров, со одлука на Советот на Општина Радовиш, им беше доделена Плакета со Ликот на Светиот маченик Спасо Радовишки.
Извор: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/